Работи што никому не треба да ги објаснувате

21

post-it

Фото: Pixabay

Вашиот живот и начинот на којшто ќе го живеете зависи од вас. Вие сте единствена личност која може да одлучува дали и како ќе ги оствари своите соништа и затоа не треба да објаснувате пред другите зошто сте се решиле да постапите на овој или оној начин, особено за следниве работи:

Не должите никому објаснување за вашите животни приоритети

Имате свои идеи за нештата што вам и вашите најблиски ќе ве направат среќни и задоволни, што истовремено е и ваш приоритет во животот. Сите луѓе се различни и преферираат различни нешта, имаат различни желби, цели и убедувања. Затоа не мора да објаснувате на никој зошто одредени работи вреднувате повеќе од други.

Не треба да се објаснувате ако не ви е жал за нешто

Ако не жалите за своите постапки, мислите дека некој греши за нешто или едноставно не ви е грижа за нечија прошка не мора да се извинувате. Луѓето грешат кога се извинуваат и се обидуваат да решат ситуација што уште не е зрела за решавање. Тоа само може да го продлабочи проблемот.

Не должите објаснување ако сакате да бидете сами некое време

Не се чувствувајте виновни кога ќе откажете некоја средба или обврска зошто едноставно ви требало време да наполните батерии и да останете сами онаму каде ви е најпријатно. Тоа во ниеден случај не ве прави антисоцијална личност, туку покажува дека сте човек како и сите други со свои потреби и желби. Слободно одвојте време да бидете сами со себе.

Не мора да се согласувате со нечии лични убедувања

Само затоа што некој со страст зборува за своите убедувања верувања и ставови, не значи дека треба да седите и потврдувате дека се согласувате. Ако не мислите исто како соговорникот не е фер спрема нив, но и спрема вас самите да глумите дека се согласувате со кажаното. Сосема е коректно ако пристојно дадете до знаење дека вашето мислење е поинакво.

Никому не должите објаснување за изборот во кариерата и приватниот живот

Понекогаш околностите ни одредуваат да одбереме помеѓу кариера и приватен (семеен) живот. Одлуката не е секогаш лесна, може да изберете кариера, не затоа што не ви е грижа за фамилијата и социјалниот живот, туку затоа што работите на нешто што ќе ви обезбеди сигурност во иднина. Како и да е, не треба никому да објаснувате зошто сте го одбрале првото или второто сè додека сте сигурни во тоа што го правите и зошто го правите.