Работи за кои богатите никогаш не трошат многу пари

297

Понекогаш треба само да знаете кога да потрошите многу, а кога да заштедите. Reader’s Digest провери и направи листа на работи што ги купуваат богатите луѓе – евтино, но и зошто го прават тоа. Кога размислуваме како живеат богатите и славните, првото нешто што ни паѓа на памет се луксузни вили, спортски автомобили и дизајнерска облека.

Но, се чини дека вистината е далеку од такво размислување. Според анкетата на 1.200 богати луѓе објавена, една третина од луѓето со нето вредност од повеќе од пет милиони долари велат дека купуваат во Walmart, додека половина купуваат во Costco и повеќе од 40% во Target. Има смисла кога ќе размислите – тие се богати со причина, а една од тие причини може да биде и тоа што се паметни клиенти.

Еве мал список на работи на кои богатите одбиваат да го потрошат своето богатство:

Постелнина

Денешните богаташи се свесни дека квалитетна постелнина не мора да чини богатство. Не мора да трошите илјадници долари за рачно изработена луксузна италијанска постелнина. Дури и богатите луѓе го сфатија ова и избираат подостапна одржлива опција, објаснува Рана Аргенио, основач на линијата за луксузни постелнини по многу подостапни цени.

Крем за лице

Се разбира, можете да потрошите многу пари за луксузен крем за лице, но зошто кога за многу помалку пари можете да добиете одличен производ?

Намирници за домот

Богатите луѓе  заштедуваат со купување на акции и во големи количини (дури и на големо).

Патувања

Богатите луѓе можат да си дозволат да патуваат каде сакаат, но тоа не значи дека не бараат начини за заштеда. Тие ги користат истите онлајн алатки за да бараат сместување и летови исто како и секој друг.

Накит

Дури и луѓето што ги обожуваат Cartier, Tiffany и Rolex, најверојатно, имаат евтини предмети дома за да ги комбинираат.

Не купуваат скапа облека

Оние кои добро се снаоѓаат со пари помалку се заинтересирани за брендови и марки на облека.

“Скапата облека повеќе не е заштитен знак на богаташите, особено во САД. Наместо материјални работи богаташите денеска одлучуваат да ги потрошат парите на приватни и ексклузивни велнес и фитнес третмани и вложуваат во образование наместо во купување дизајнерски предмети“, вели Хилари Хофовер од Business Insider.

Фото: Pixabay