Работилница за енергетска ефикасност, наменета за малите и средните компании денес ќе се одржи во Скопје.
Работилницата е дел од заедничкиот проект Платформа за енергетска ефикасност во организација на Министерството за економија и ЕВН Македонија. На настанот планирано е да учествуваат претставници од над 100 мали и средни компании.
Свое обраќање пред присутните ќе имаат и министерот за економија Ваљон Сарачини и претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Вернер Хенгст.