Работилница за HACCP системот во угостителството

65

Агенцијата за храна и ветеринарство денеска во Прилеп ќе ја реализираат седмата работилница “Интензивирање на воведувањето на HACCP системот во угостителските објекти во Република Македонија“.

На неа ќе бидат претставени основите на контролните системи за безбедност на храната кои треба да се имплементираат во поголемите угостителски објекти кои произведуваат и послужуваат храна и во помалите, каде што HACCP системот пофлексибилно се имплементира.

Претставниците на Агенцијата денеска ќе одржат работилница и во Битола.