Работилница за спроведување на ХАЦЦП во угостителски објекти

47

Основите на контролните системи за безбедност на храната кои треба да се имплементираат во поголемите угостителски објекти кои произведуваат и послужуваат храна и во помалите, каде што ХАЦЦП системот пофлексибилно се имплементира, се темите на кои ќе се расправа на работилницата што денеска ќе се одржи во Тетово.
Работилницата Интензивирање на воведувањето на ХАЦЦП системот во угостителските објекти во Република Македонија е дел од Акцискиот план за поинтензивно воведување ХАЦЦП во угостителските објекти.