Работите од дома, а сакате да одите на “пауза“ со колегите?

73

Пандемијата на коронавурисот принуди милиони луѓе во САД да работат од дома, за некои од нив по прв пат. Но, овој начин на работа прави многу луѓе да се чувствуваат осамено и изолирано, бидејќи немаат доволно контакти како вообичаено. Од таа причина, како што пренесува Tech Crunch, има еден старт – ап што може да им помогне.

Станува збор за Hallway, старт – ап што разви виртуелна соба за “пауза“ преку каналот Slack. На тој начин, колегите може да си направат посебен простор за разговор со колегите, пауза за цигара, кафе и други неформални активности.

Овие средби и неформални состаноци се закажани и траат 10 минути, а најчесто се организираат на секои два часа. Но, корисниците можат да го променат и прилагодат темпото согласно своите потреби.

Фото: Pixabay