Болката во грбот лесно може да се објасни за луѓето чија работа вклучува голем број часови поминати пред компјутер. Посебно во ситуации кога работите од дома и по неколку работи во исто време. Но, како да се објасни растот на бројот на оние кои се жалат на болка во нозете? Верувале или не, тоа исто така се препишува на работата од дома.
Доколку работите од дома и чувствувате болка во нозете и се убедувате самите дека само си замислувате, имајте на ум дека не сте сами во ова. Истражувањето на ортопеди од сингапурската болница Mount Elizabeth Novena од април минатата година бележи остар раст на бројот на луѓе со овие симптоми.
Експертите велат дека тоа е последица кај оние луѓе кои работат од дома, кои покрај својата работа имаат и низа други активности, посебно оние со мали деца. Честа причина за болка во нозете е тоа што извршуваат повеќе работи во исто време, но и прошетките во неадекватни обувки.
Болката во стапалата најчесто е предизвикана од одење без обувки по тврда површина. Во канцелариите најчесто движењето е по ламинат или паркет и тоа со обувки, а дома луѓето трчаат од една во друга просторија и тоа боси. Но, тоа не е единствената причина за појава на болките, бидејќи луѓето се свесни дека помалку се движат, па одлучиле самоиницијативно да тренираат во домашни услови, исто така боси. Сето тоа придонело за раст на бројот на оние кои бараат помош од ортопед.
Фото: Pexels