Во рамки на поддршката која Швајцарската програма за промоција на увозот ја обезбедува на Македонската асоцијација на преработувачи, денеска во Кочани ќе се одржи работен состанок за подобрување на дијалогот и зацврстување на кооперантските односи на преработувачите со добавувачите на суровини – примарните земјоделски производители.
Целта е да се доближи принципот на долгорочно планирање и посилна вертикална интеграција на вредносниот синџир за преработка на зеленчук, како и стабилизирање и сигурно снабдување на суровина за преработувачите.
Дополнително оваа активност има цел да ја подобри веќе воспоставената соработка меѓу фармерите и преработувачите и да придонесе за зголемена конкурентност, но и постабилни приходи за сите учесници во овој вредносен синџир.
Презентирани ќе бидат меѓународни искуства за договорни односи и производство, а ќе зборува и Маргрет Вил, меѓународен експерт со богато искуство во оваа област.
Следните работни состаноци ќе бидат организирани во идниот месец во струмичкиот и гевгелискиот регион.
Почетна Новости Македонија Работна средба за подобрување на односите меѓу преработувачите и добавувачите на земјоделски...