Работниците на Амазон во 20 земји на протест на „црниот петок“

25

Вработените во Амазон во 20 земји ќе протестираат или штрајкуваат на „црниот петок“ на 29 ноември за да се заложат за поголеми работнички права и да бараат компанијата да преземе мерки против последиците од климатските промени.

Најголемите протести ќе се одржат меѓу 29 ноември и таканаречениот „Сајбер понеделник“ на 2 декември, кога се очекува голем интерес на клиентите поради бројните попусти, пренесува The Guardian.

Протестите ќе се одржуваат петта година по ред, во поголемите градови низ САД, Германија, Велика Британија, Турција, Канада, Индија, Јапонија, Бразил и други земји, а негов координатор е организацијата Make Amazon Pay.

Организацијата бара Амазон праведно да ги плаќа своите работници и да го почитува нивното право да се приклучуваат на синдикатите, како и интернет трговскиот гигант да плаќа фер дел од даноците и да се обврзе да инвестира во еколошката одржливост, пренесува Aljazera Balkan.