Работник во БиХ за еден месец примил 385 просечни плати

28

Според евиденцијата на Даночната управа на Федерацијата Босна и Херцеговина, највисока нето плата годинава ја примил работник од фармацевтскиот сектор, а изнесува 185.000 евра.

Со оглед на тоа дека просечната плата во БиХ, за октомври месец изнесува 481 евра, работникот во еден месец примил 385 просечни плати.

Највисоката месечна нето плата во БиХ во 2017 година изнесувала 194.000 евра, а според евиденцијата што ја води Даночната управа на Федерацијата на БиХ, најголема плата во 2016 година е платена во декември во износ од 114.000и евра.

Фото: Pexels