Работодавач од Австрија не вработува работници кои се вакцинирале против Ковид-19

61

Пред неколку дена, Австрија го продолжи заклучувањето до седми февруари и беа воведени нови мерки, според кои е задолжително да се носат маски FFP2 во продавниците и јавниот превоз.

Исто така, оваа земја започна процес на вакцинирање на населението од коронавирус, но одлуката на властите е придружена со одреден скептицизам.

Особено еден случај го привлече вниманието на австриските медиуми, бидејќи се појави работодавец од Австрија кој рече дека не сака да ангажира некој што примил вакцина за коронавирус.

“Барам работници за пролетта 2021 година. Оние кои биле вакцинирани против корона или планираат да го сторат тоа, не треба да аплицираат“, стои во огласот на компанијата Hemer на Facebook, која во меѓувреме е избришана, пренесува порталот Heute.

“Сè уште знаеме толку малку за вакцинацијата. Не сакам ризик да вработам некого и тој работник да се разболи веднаш по вакцинирањето“, рече Питер Хемер, сопственикот на компанијата што се занимава со поставување покриви.

Претседателот на Комората на трудот на Долна Австрија, Маркус Визер, вели дека во Австрија работодавачот може да избере кога ќе вработи.

Ова, како што посочува, значи дека може да се постават апсурдни услови, но мора да се има предвид да не дојде до дискриминација заснована на возраст, пол, етничка припадност, сексуална ориентација или попреченост.

Фото: Pixabay