ЕУ изврши ненајавени инспекции во канцелариите на неколку телекомуникациски компании, поради сомневање дека нелегално се здружиле и ја злоупотребиле позицијата за пружање на интернетски услуги. ЕУ ги претресе канцелариите на германски Deutsche Telekom, француски Orange и шпанска Telefonica поради сомневање дека ја злоупотребиле доминантната позиција на интернет пазарот, пишува The Financial Times.
Комисијата наведува дека овие инспекции се прелиминарен чекор во истрагата и дека тоа не значи дека компаниите се виновни за кршење на правилата за заштита на конкурентноста.
Orange и Deutsche Telekom потврдија дека имало контроли во нивните канцеларии.
“Orange целосно соработува со агентите на Европската комисија”, изјави француската компанија, додека од Deutsche Telekom изјавиле дека се изненадени од контролата.