Раденска го презема полнењето на Пепси во Хрватска

33

pepsi

Словенечкиот произведувач на минерална вода Раденска ќе почне со полнење и дистрибуција на брендовите Pepsi, Mirinda и 7UP на компанијата PepsiCo за хрватскиот пазар, јавува The Slovenia Times.

Раденска е франшизен партнер на PepsiCo за Словенија уште од 1990 година, а сега ќе ја преземе хрватската франшиза од Бадел, кој претходно најави дека излегува од бизнисот со безалкохолни пијалоци.

“Многу сме задоволни што добивме можност да ја прошириме досегашната соработка со PepsiCo”, вели франшизниот директор на Раденска, Мариан Шефчович.

Раденска од крајот на 2014 година е во сопственост на чешката група Kofola.