Radio Garden – онлајн платформа за слушање радио станици од целиот свет

68

radio-garden

Radio Garden е платформа којашто на корисникот му овозможува да слуша програма во живо од радио станици од целиот свет, пишува The Verge.

Оваа онлајн платформа за слушање најразлични радио станици во светот ја дизајнираше студиото Moniker од Амстердам, а ја разви Институтот за звук и визија на Холандија.

“Уште од самиот почеток, радио сигналите ги надминуваа границите на земјите. Креаторите на радио програмата и слушателите се поврзуваат иако се од различни култури. Радиото, исто така, ги поврзува луѓето кои меѓусебно се оддалечени илјадници километри“, велат креаторите на Radio Garden.

Платформата претставува интерактивна мапа на светот, којашто со еден клик корисникот го води до посакуваната радио станица. Секоја зелена точка на мапата претставува нова локација, а со тоа и нова радио станица. Повеќе светски метрополи имаат и избор од повеќе радио станици.