Рафаел Надал склучи партнерство со Tommy Hilfiger

26

Rafael-Nadal-for-Tommy-Hilfiger-600x600Најновото лице на американскиот бренд Tommy Hilfiger е Рафаел Надал. Тенисерот потпиша договор со познатата модна куќа според кој ќе биде нивен глобален амбасадор и ќе ја промовира линијата на машка долна облека.

Првата кампања каде главната улога ќе ја има Надал ќе биде снимена на почетокот на 2015 во неговата родна земја Шпанија, а истата ќе биде прикажана на есен.

“Рафаел Надал е мој личен пријател подолго време и следбеник на нашиот бренд. Неговата посветеност и страст за спортот е она што постојано ме инспирира”, вели познатиот дизајнер.

Дваесет и осумгодишниот освојувач на 14 Гренд Слем турнири отсекогаш им се восхитувал на одличните и кул дизајни на Tommy Hilfiger, кои според него се истовремено софистицирани и лесни за носење.