Rain Socks – чорапи што штитат од дожд

20

001347ecbd84ee039634cef923fc5b25_original

Фото: Kickstarter

Rain Socks се еден вид на чорапи што се облекуваат врз чевли заштитувајќи ги од дожд. Сепак, како што тврди јапонскиот производител ONFAdd, освен заштитната улога тие се максимално издржливи и специјално дизајнирани за да обезбедат стилски изглед и при дождливи услови. Тежат само 100 грама, лесни се за носење и ги собира во џеб.

Латекс, материјалот од којшто се изработени, е прилично растеглив што овозможува да се навлечат на чевелот и притоа да не ја “расипат“ неговата форма однадвор. Корисникот може да ги користи колку сака и тие нема да ја изгубат својата еластичност благодарение на дебелиот слој кај ѓонот.

Големината на Rain Socks е 15 на 28 сантиметри, а производот има и своја кампања на платформата за групно финансирање Kickstarter каде досега се собрани над 6.700 долари од потребните 10.000.

ONFAdd ќе ги направи првите испораки во април 2018 година.