Raindrop – колектор што собира дождовница

72

kapka

Фото:  Bas Van Der Veer

Холандското дизајнерско студио Bas Van Der Veer на фестивалот spoga+gafa 2017 во Келн претстави производ за собирање на дождовница наречен Raindrop. Собраната вода со Raindrop може да се користи за налевање на цвеќиња или наводнување на мали градини што претставува паметен чекор за масовна употреба на дождовницата како природен ресурс.

Колекторот за собирање на дождовница има облик на капка и се прикачува на олук со дијаметар од 50 до 80 милиметри и овозможува складирање на дождовницата. Водата од колекторот може да се користи на два начина – може да се точи низ цевката во бокалот којшто е составен дел на дизајнот, а друг начин е да се закачи црево на дното на резервоарот, пишува Arch Daily.

За  Van der Veer, којшто дизајнирал неколку верзии на Raindrop, обликот на капка бил најсоодветен бидејќи симболично го претставува она за што овој уред служи.

Исто така, постои и верзија на Raindrop Mini дизајнирана за оние кои живеат во станови со помали тераси. Има и малку поголема верзија наречена Pure Rain, којашто има вграден базен каде птиците можат да пливаат.

Raindrop ќе се продава ширум светот под брендот Elho од 2018 година и ќе биде достапен онлајн.