Рајфајзен банка се повлекува од Словенија и Унгарија

21

slovenia raiffeisenГенералниот директор на австриската Рајфајзен банка, Карл Севелда, најави дека ќе стартуваат програма за кратење на трошоци, која ќе опфати и затворање на некои ограноци. Меѓу земјите од кои би можела да се повлече банката се Словенија и Унгарија. Одлуката за повлекување од Словенија датира уште од минатата година, а според Севелде, во Унгарија постои постојан политички притисок на банкарскиот сектор, што е главна причина за повлекување од таа земја.

Со повлекувањето од овие две земји банката ќе се обиде да оствари троцифрена заштеда и да го зголеми сопственото ниво на капитал за 1,8 милијарди евра на среден рок.