Рајски остров ќе привлекува туристи со 4.400 инфлуенсери

41

Островот Бали ангажира 4.400 инфлуенсери за да може да го заживее туризмот во земјата што беше погоден од глобалната пандемија на коронавирусот.

Тие ќе имаат задача да уживаат во бесплатните патувања низ Бали и своите искуства да ги пренесуваат на социјалните мрежи, во рамки на кампањата We love Bali (Го сакаме Бали).

Целта на кампањата е да се промовира новата ера на турзмот во којашто гостите мора да ги почитуваат сите здравствени препораки против ширење на заразата.

Бали, инаку остров во Индонезија, ги отвори вратите за домашните туристи во јули оваа година, додека планот за странските гости предвиден за 11-ти овој месец пропадна, поради зголемениот број на заразени.

Околу 75.000 туристички работници на Бали останаа без работа поради пандемијата.

Фото: Pexels