Рамада Плаза Гевгелија со Златна награда за исклучителен квалитет

228

Најголемата хотелска компанија во светот, Виндам Хотел Груп, која брои околу 7.260 хотели, му додели Златна награда за исклучителен квалитет за 2012 година на хотелот Рамада Плаза Гевгелија.

На 12 декември во Лондон, хотелот Рамада Плаза Гевгелија беше претставен на свечената церемонија на Виндам за Европа, Средниот исток и Африка во хотел Виндам Гранд Лондон Челзи Харбер и беше награден со најдобрите во глобалното портфолио на компанијата.
За еден хотел да се квалификува за Златна награда, мора да поседува најдобар квалитет во услугата за гостите, хигиена и водење според стандардите на брендот.

“Рамада Плаза Гевгелија е навистина фантастичен хотел кој може да се гордее со задоволството и лојалноста на гостите. Честитки до вработените во хотелот за ова значајно достигнување и благодарност до нив за нивната посветеност на брендот”, изјави Руи Барос, сениор заменик претседател и директор на Виндам Хотел Груп”за Европа, Средниот исток и Африка.

“Ова е голема чест за нашиот хотел и доказ за напорната работа на нашиот прекрасен тим. Горди сме што нашиот хотел кој постои само две години во Македонија со својот квалитет на услуги и резултати стана конкурентен на пазарот на светски познатите хотели со долгогодишно искуство и успеа да добие такво меѓународно признание. Продолжуваме да постоиме за нашите ценети гости и да нудиме сместување со квалитетни услуги и високи стандарди кои се очекуваат од еден Рамада хотел”, рече Петко Митов, генерален директор на Рамада Плаза Гевгелија.

Со сопственост на 15 брендови, 7.260 хотели, 618.100 соби во 66 држави низ целиот свет, Виндам Хотел Груп е најголем светски провајдер и франшизер на разновидни производи и услуги поврзани со патувања за бизнис и индивидуални корисници.

Еден од брендовите на Виндам Хотел Груп е Рамада Ворлдвајд, синџир од 900 хотели во над 50 држави, а Рамада Плаза Гевгелија (Princess Group) како дел од тој синџир постои од 2010 година, со локација на граничниот премин Богородица во Република Македонија.