Рамстор Македонија продаден за 39,2 милиони евра

554

Турскиот синџир на супермаркети Migros соопшти дека потпиша договор за продажба на својата компанија Рамстор Бугарија, неактивна компанија, која е 99% сопственик на Рамстор Македонија, на градежната компанија City Plaza од Скопје, за 39,2  милиони евра, објави SeeNews.

Трансакцијата ќе биде завршена откако ќе добие правно одобрување.

Рамстор Македонија придонесе 1,2% во консолидираната продажба на Migros во 2020 година.

Фото: Pixabay