Рамстор во април отвора маркет во Скопје Сити Мол

59

ramstor

Рамстор Македонија и оваа година го продолжува инвестицискиот раст и развој во земјата преку најавата на неколку нови активности, меѓу кои како поголема се одвојува отворањето на нов Рамстор маркет во рамки на трговскиот центар Скопје Сити Мол, кој ќе се протега на површина од 4.648 метри квадратни.

Како што велат од компанијата, стратегијата за ефикасен раст на Рамстор во земјата опфаќа постојано ширење во малопродажниот сектор преку отворањето на нови маркети, покрај постојаните кои беа отворени во Скопје, Куманово, Тетово, Струга, Охрид и Кичево.

Рамсторе, кој во Македонија почна да функционира на 11 јуни 2005 година, е синџир на  најголемата компанија за интернационални малопродажни супермаркети на Мигрос Тиџарет А.Ш. во Турција.

Како резултат на успешната работа и квалитетната услуга во малопродажниот сектор на Македонија во последните 10 години, а во насока на својата мисија и визија, денес Рамстор ги нуди своите услуги во шест различни градови низ Македонија со вкупно 20 маркети на вкупна површина од 16.329 м2.

Сето ова укажува на долгорочните сериозни планови на Рамстор во согласнст со растот во Македонија кој сè уште трае.

Денес во Македонија, Рамстор  има вкупно 490 вработени, а првиот маркет за 2016 година ќе го отвори во текот на месец април во трговскиот центар  Скопје Сити Мол. Со оваа инвестиција планирано е да се остварат 82 дирeктни  и дополнително уште 20 индиректни вработувања, односно  над 100 вработувања со што би се реализирал најголемиот проект за вработување во 2016 година.