Range Rover помина преку мост од хартија

215

nije-se-slomio-range-rover-presao-preko-mosta-od-papira-504x335-20151146-20151119092358-baa7970fb85792f0848973a3ae1ba77b

Иако изгледа невозможно, Range Rover тежок 2.374 килограми помина преку мост направен само од хартија, на кој работници во Кина работеа три дена, пишува Telegraph.

Уште поневеројатен е фактот дека на мостот нема никакви завртки ниту лепак.

Компанијата го изгради овој хартиен мост во чест на 45 годишното постоење на автомобилот и шест милионитиот автомобил испорачан во Кина.

rangerover1_3504790b

Хартиениот мост е висок 3,4 метри, а за неговата изградба беа употребени 54.390 парчиња хартија.

Ова чудо е направено со помош на посебно дизајнирани потпирачи за да може да го издржи притисокот. Откако мостот беше направен, автомобилот лесно се искачи на него под агол од 34,7 степени.

Важна улога во остварување на овој проект играше и тежината на автомобилот која што е намалена за 420 килограми затоа што дизајнерите се одлучија за алуминиум наместо челик.