Ранобудниците се поздрави

25

casovnik-pexels

Фото: Pexels

Не е сеедно далу наутро станувате без проблем или сакате да спиете колку што е можно повеќе, покажува истражувањето во Јужна Кореја, што опфати 1.620 испитаници.

Резултатите покажаа дека жените кои навечер остануваат до доцна, почесто имаат вишок на масни наслаги и поголем ризик од метаболички синдроми, состојба која се поврзува со кардиоваскуларни болести и дијабетес.

Истото важи и за мажите кои доцна легнуваат и доцна се будат. Ризикот од дијабетес е зголемен, а често се јавува и слабеење на мускулната маса.

За да го подобрите својот сон, а со тоа и здравјето, треба да одредите утринско време на будење, а будилникот да нема опција за одложување. Оствете ја лошата навика да дремнете уште пет – десет минути.

Немојте да спиете премногу ни за време на викендот. По неколку дена рано легнување и станување, ќе се почувствувате многу подобро и поодморено. Најдобро е да легнувате најдоцна до 22 часот.

Доколку имате проблем со раното легнување, исклучете ги сите електрични уреди пред времето за спиење.

Создадете опуштена атмосфера којашто ќе придонесе побрзо да се препуштите на сонот. Читајте книга, уживајте во топла бања или напијте се чај што смирува.

Наутро штом ќе се разбудите веднаш станете од креветот и доколку можете посветете некоја минута на утринска гимнастика. Тоа ќе ве наполни со енергија.

Бидете трпеливи и упорни, затоа што ранобудниците се навистина поздрави.