Расел Кроу ќе гради филмско студио во Австралија

32

Холивудскиот актер Расел Кроу објави дека ќе гради студио на источното крајбрежје во Австралија.

Оскаровецот рекол дека студиото ќе биде сместено јужно од Бризбејн, на место на поранешен ресорт.

The Pacific Bay Resort Studios and Village, како што ќе се вика филмското студио, според Кроу ќе угости големи меѓународни филмови и локална продукција.

Австралија во текот на пандемијата стана популарна филмска дестинација благодарение на релативно ниската стапка на зараза. И земјата, исто така, ги поттикна филмските работници да дојдат на нејзиното сончево крајбрежје давајќи им милиони долари поддршка.

Џулија Робертс и Џорџ Клуни, исто така, оваа година во северна Австралија го снимаат Ticket to Paradisе.

Фото: Freepik