
Европската комисија ги повика „доверливите меѓународни добавувачи на гас“ да достават понуди на вториот заеднички тендер на ЕУ за набавка гас, кој трае од 7 до 10 јули.
Со тендерот се бара обезбедување на 15,92 милијарди кубни метри гас за потребите на 49 компании од ЕУ за периодот од август 2023 година до март 2025 година. Речиси половина од бараните количества на енергенсот се однесуваат на течен природен гас (ЛНГ).
Предвидено е до крајот на 2023 година да бидат распишани уште три тендери.











