Американската фармацевтска компанија Pfizer проектираше профит за 2025 година во согласност со очекувањата на пазарот, што донесе одредено олеснување за инвеститорите по бурната година која привлече и активистички инвеститори како хеџ фондот Starboard Value, се вели во анализата на брокерската куќа Momentum Securities.
Акциите на Pfizer скокнаа за речиси 5 отсто на 26,4 долари во тргувањето, откако соопштија дека компанијата очекува продажбата на нејзината вакцина и лек за Ковид-19 во 2025 година да биде во согласност со перформансите во 2024 година.
Во изминатиот период, Pfizer работеше на намалување на трошоците и продажба на деловни сегменти надвор од основната деловна област со цел да го намали долгот по остриот пад на продажбата на производи од периодот на пандемијата, потсетува Momentum во анализата.
„Фајзер“ прогнозираше приход за 2025 година во опсег од 61 до 64 милијарди долари, во споредба со проценките на аналитичарите од 63,26 милијарди долари, објави Моментум.
Фото: Pixabay