Во третиот квартал од 2024 година, сезонски прилагодениот БДП порасна за 0,4 отсто и во еврозоната и во ЕУ, во споредба со претходниот квартал, според проценката објавена од Евростат.
Во вториот квартал од 2024 година, БДП порасна за 0,2 отсто во двете зони.
Во споредба со истиот квартал од претходната година, сезонски прилагодениот БДП се зголеми за 0,9 отсто во еврозоната и за 1 отсто во ЕУ во третиот квартал од 2024 година.
Ирска забележа највисок раст на БДП во споредба со претходниот квартал (3,5 отсто), по што следат Данска и Литванија (и двете од 1,2 отсто). Најголем пад е забележан во Унгарија (0,7 отсто) и Летонија (0,2 отсто).
Бројот на вработени се зголеми за 0,2 отсто во еврозоната и остана стабилен во ЕУ во третиот квартал од 2024 година, во споредба со претходниот квартал. Вработеноста во вториот квартал од 2024 година е зголемена за 0,2 отсто во еврозоната и за 0,1 отсто во ЕУ.
Фото: Pixabay