Раст на цената на нафтата на светските берзи

Цените на нафтата пораснаа втор ден по ред. На лондонскиот пазар цената на барелот скокна на 117,4  долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна на 113,6 долари.

На светските берзи цените на нафтата паднаа минатата недела, втора по ред, за повеќе од 4 отсто, бидејќи се намалија стравувањата на трговците од прекини во испораките на нафта од Русија поради војната во Украина и западните санкции против Москва.

Во време кога пазарите беа опфатени од стравувањата од нарушувања на рускиот извоз поради санкциите на Западот, цената на барелот на лондонскиот пазар достигна 139 долари во еден момент и 130 долари во САД, што е нивно највисоко ниво од 2008 година.