Раст на економската активност во еврозоната

14

Економската активност во еврозоната забележа раст минатиот месец откако доминантната индустрија на услуги излезе од карантин и повторно се врати на патеката на раст, покажуваат официјалните податоци.

Официјалниот композитен индекс на менаџерите за набавки, што се смета за доверлив показател за економското здравје, се искачи на 53,8 поени минатиот месец од 53,2 поени во март, пренесува Ројтерс.

“Податоците од априлската анкета даваат охрабрувачки докази дека еврозоната во второто тримесечје ќе се извлече од двојната рецесија“, вели Крис Вилијамсон, главен економист во IHS Markit.

Фото: Freepik