Раст на индустријата за домашни миленици во ЕУ

Во Европската унија, дури 91 милион домаќинства, покрај луѓе, имаат и домашни миленици, од кои најголемиот дел се мачки.

Поточно, има 127 милиони мачки, 104 милиони кучиња, потоа има 53 милиони различни птици, 29 милиони мали цицачи…

Растот на бројот на домашни миленици е придружен со развој на целата индустрија за домашни миленици. Вредноста на петте пазари во 2022 година изнесува 29,1 милијарда евра, што е зголемување во однос на годината пред тоа кога вредеше 27,1 милијарди евра. Ова се податоците од годишниот извештај на здружението FEDIAF, во кое се обединуваат 15 национални трговски здруженија и пет компании кои произведуваат храна за домашни миленици (Affiniti Petcare, Hill’s Pet Nutrition, Mars PetCare, Nestle Purina Petcare и Wellpet).

Нејзиниот извештај покажува и дека растот на производството на храна за домашни миленици е многу брз и изнесува 5,1 отсто на годишно ниво. Со други зборови, во Унијата се произведуваат 10,5 милиони тони храна за домашни миленици.

Овој пазар забележа раст и во нашиот регион, иако некои аналитичари тврдат дека овој раст ќе се забави во наредниот период.