Раст на индустриското производство за 2,2%

35

Индустриското производство во април оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст од 2,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Индустриското производство во периодот јануари – април 2014 година, во однос на периодот јануари – април 2013 година, бележи пораст од 3,1%.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во април 2014 година, во однос на април 2013 година, бележи пораст од 0,4%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 6,5%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 19,9%.

Според главните индустриски групи, производството во април 2014 година, во однос на април 2013 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6,8% и Капитални производи за 61,8%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 12,9%, Трајни производи за широка потрошувачка за 10,6% и кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,1%.