Раст на инфлацијата во Шпанија во април

11

Стапката на инфлација во Шпанија, мерена според стандардите на Европската унија, беше 3,4 отсто во 12-те месеци до април, од 3,3 отсто во годината заклучно со март, покажаа прелиминарните податоци од шпанскиот институт за статистика (INE).

Резултатот главно се должи на зголемувањето на цените на гасот во споредба со минатиот април, бидејќи владата ги прекина мерките преземени за ублажување на инфлацијата по избувнувањето на војната во Украина. Цените на храната се зголемени повеќе отколку во истиот период минатата година, според ИНЕ, пренесува Ројтерс.

Инфлацијата усогласена според стандардите на ЕУ за период од 12 месеци е повисока од очекуваните 3,3 отсто предвидени од анкетираните аналитичари.

Базичната инфлација, која ги исклучува нестабилните цени на свежата храна и енергијата, се зголеми за 2,9 отсто во 12-те месеци до април, што е намалување од 3,3 отсто во претходниот месец, според ИНЕ. Годишниот национален индекс на потрошувачки цени на Шпанија се зголеми за 3,3 отсто до април, што е повеќе од 3,2 отсто во март.