Извозот на Германија во март забележа пораст, приближувајќи се на ниво од пред пандемијата по скоро една година раст, покажуваат официјалните податоци.
Извозот на Германија во март според сезонски и календарски прилагодените податоци се зголемени за 1,2% во однос на претходниот месец кога имаше раст од 1%.
Увозот се зголеми за 6,5%, што е двојно повеќе во однос на февруари.
Кина и во март беше клучна дестинација за извозот на Германија, којшто на годишно ниво се зголеми за 37,9%. извозот во САД порасна за скромни 8%, додека во Велика Британија е намален трет месец по ред и тоа за 13,2%.
Фото: Pexels