Раст на јапонската економија во последниот квартал од 2020 година

16

Јапонската економија во последниот квартал од минатата година забележа поголем раст од очекуваниот, продолжувајќи да закрепнува од најдлабоката рецесија.

Третата по големина економија во светот во последните три месеци од 2020 година имаше раст од 12,7%. Тоа е второ тримесечје по ред како економијата бележи раст и тоа повеќе од очекувањата на аналитичарите, кои проценуваа раст на бруто домашниот производ (БДП) од околу 9,5%. Но, тоа е побавен раст во однос на претходното тримесечје, кога БДП се зголеми за 22,7%.

Зголемената производна активност во светот го поттикна јапонскиот извоз и придонесе за зајакнување на капиталните инвестиции, што имаат пораст првпат по три квартали за 4,5%. Личната потрошувачка порасна за 2,2%, што е побавно од претходниот квартал, но повеќе од она што се очекувало.

Фото: Pexels