Раст на продажните цени на индустриските производи во февруари

69

Продажните цени на производителите на индустриски производи во февруари се повисоки за 0,3% на месечно ниво, а за 2,3% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во февруари 2020, во споредба со јануари 2020, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 4,1%, во секторот Преработувачка индустрија за 0,3%,  а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 4,4%.

Во февруари 2020, во споредба со февруари 2019, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 5,3% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 6,1%, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 3,5%.

Фото: Pixabay