Раст на Wall Street на почеток на неделата

Во понеделникот на Wall Street цените на акциите пораснаа, претежно во технолошкиот сектор, бидејќи се намалија стравувањата дека ФЕД наскоро ќе ја заостри монетарната политика поради зголемувањето на инфлацијата.

Dow Jones зајакна 186 поени или 0,54%, на 34.393 поени, додека S&P 500 порасна 0,99%, на 4.197 поени, а индексот Nasdaq порасна 1,41%, на 13.661 поени.

Меѓу 11-те најважни сектори на индексот S&P 500, цените на акциите на технолошкиот сектор вчера пораснаа најмногу, во просек повеќе од 2%.

Фото: Facebook