Раст на Wall Street по веста за уште една вакцина

35

На Wall Street во понеделникот пораснаа цените на акциите, најмногу во секторите кои за време на коронакризата беа под најголем притисок, бидејќи инвеститорите ги охрабри веста за уште една вакцина против Ковид-19.

Dow Jones зајакна 327 бодови или 1,12%, додека S&P 500 порасна 0,56% на 3.577 бодови, а Nasdaq индексот 022%, на 11.880 бодови.

Доброто расположение на пазарот е благодарение на позитивните вести за вакцините против коронавирус, што во догледно време ќе доведе до нормализација на светската економија.

Од друга страна паднаа цените на акциите на технолошките компании кои за време на карантинот најмногу пораснаа.Така вчера акциите на Apple паднаа 3%, а Netflix повеќе од 2%.

Фото: Facebook