
Германскиот извоз и производство ги надминаа очекувањата – растот на БДП ревидиран
Кварталниот раст на БДП на Германија во првиот квартал од 2025 година е ревидиран нагоре на 0,4 проценти.
Бруто домашниот производ на Германија во првиот квартал од 2025 година порасна за 0,4 проценти во споредба со претходниот квартал, што е повисоко од прелиминарната проценка за раст од 0,2 проценти, објави денеска Германскиот федерален завод за статистика (Дестатис).
– Причината за нешто повисокиот раст во споредба со првата проценка беше изненадувачки добриот економски развој во март, изјави претседателката на Федералниот завод за статистика, Рут Бренд.
Според неа, германското производство и извоз се развиле подобро од првично очекуваното во третиот месец од оваа година.