Раст од 50 евра: Српскиот минималец од 64.554 се покачува на 70.520 динари

Владата на Србија донесе одлука за минималната плата за 2027 година, која изнесува 405 динари на час, додека минималната месечна плата е 70.520 динари (600 евра).

На седницата на Социјалниот и економски совет не беше постигнат договор за минималната цена на трудот за следната година, па Владата на Србија се состана и одлучи дека минималната цена на трудот во Србија за следната година ќе изнесува 405 динари по работен час, беше објавено во најновиот Службен весник.

По пресметката, минималната месечна плата, без даноци и придонеси во 2027 година, ќе изнесува 70.520 динари. Оваа година, минималниот износ беше 64.554 динари (550 евра).