Раст во наплатата на директни даноци од 2,3%

44

Директните даноци имаат остварување од 99,5% од планираното и тука бележиме раст од 2,3%, споредено со 2019 година, напиша премиерот Зоран Заев на Facebook.

“Имаме значително подобрување на приходната страна на Буџетот во декември, каде наплатата даноците и придонесите изнесува 18 милијарди денари, што е за 4,3% повеќе во однос на декември минатата година. Сето ова е убав податок за завршеток на една ваква тешка година каква што беше 2020-та, како основ за да ја почнеме надежната, нова 2021 година како година на рестарт и економско заздравување“, напиша Заев.

Фото: Facebook