Растат акциите на компанијата Virgin Galactic којашто развива вселенски туризам

41

Иако патувањето во вселената, како што се наведува во една научнофантастична популарна серија, е последната граница, сега станува реалност благодарение на компанијата Virgin Galactic.

Компанијата е основана од милијардерот Ричард Брансон со цел да се развие и понуди можност за вселенски туризам на оние кои се доволно храбри и богати за да можат да си го дозволат тоа. Билетот ќе чини околу 250.000 долари за 90 минутен лет чија брзина е три пати поголема од брзината на звукот.

На 22-ри мај беше лансиран ракетен авион Spaceship 2 со двајца членови на екипажот, кој успешно се движеше во орбитата над земјата и потоа слета без никакви проблеми. Инвеститорите  се многу заинтересирани за можностите и перспективите на оваа компанија. Само во текот на изминатата недела, акциите се зголемија за скоро 50%, додека минатата година е остварен раст од 84%.

Компанијата очекува да оствари приход од една милијарда долари годишно, а се планираат комерцијални летови за почетокот на 2022 година.

Околу 600 луѓе веќе резервирале билет, додека илјадници се на списокот на чекање.

Во меѓувреме, извршниот директор Мајкл Колглазиер објави дека, по успешниот тест лет, ова лето ќе ги изврши следните два пробни лета со полн персонал. Основачот на компанијата, Ричард Бренсон, ќе биде дел од екипажот на еден од следните летови, а тоа сигурно ќе привлече уште поголем интерес од инвеститорите и вниманието на светската јавност.

Фото: Pixabay