Растат цените на бензините

36

Регулаторната комисија за енргетика на Република Македонија денеска ги објави новите цени на бензините и нафтените деривати. Согласно новата одлука на регулаторите, рафинериските цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 2,18%, со што растат и малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените. Во просек малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат за 1,41%.

Новите цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за еден денар по литар, па така, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по 72,00 ден/лит, додека пак, ЕУРОСУПЕР БС-98 по 74,00 ден/лит.

И цените на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат од ноќеска на полноќ за 0,50 ден/лит. Новата цена на  дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 64,00 ден/лит,  додека пак, еден литар Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава по 52,50 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,016 ден/кг и ќе изнесува 34,711 ден/кг.