Растат цените на индустриските производи

24

Цените на индустриски производи во еврозоната се повисоки за 2,7%, споредено со август месец од минатата година. Овие бројки ги објави вчера Заводот за статистика на Европската унија. Споредено со претходниот месец, цените на индустриските производи се зголемиле 0,9%, а во земјите од европската Унија за 1%.

Цените во вкупната индустрија со исклучок на енергетскиот сектор се зголеми за 1% во еврозоната и 1,1% во ЕУ,  во август во однос на истиот месец лани. Најголемо зголемување има кај цените во енергетскиот сектор за 7,9%. Нетрајните производи за широка потрошувачка се зголемиле за 2,1%, кај трајните производи зголемувањето е за 1,6%, капиталните производи имаат повисоки цени за 0,9%, а кај репроматеријали зголемувањето е за 0,3%. Меѓу земјите-членки во ЕУ најголемо зголемување во вкупниот индекс е забележано во Бугарија за 7,1%, Грција за 6,8% и Кипар за 6,7%, а најмало зголемување има во Малта и Словенија од 0,8% и Австрија 1,1%. Единствено намалување има во Шведска од минус 0,5%.