Растат цените на нафтата

14

Цените на нафтата го продолжија растот на меѓународните пазари во очекување на понатамошен пад на американските залихи на гориво, надоместувајќи дел од загубата од еден ден претходно, кога имаа пад од 3%.

На лондонскиот пазар цената на барел нафта се зголеми за 29 центи на 73,18 долари, додека на американскиот пазар барел поскапе за 28 центи на 71,54 долари.

Аналитичарите проценуваат дека во САД се намалуваат залихите на сирова нафта и нафтени деривати, со што залихите на бензин имаат пад трета недела по ред.

Фото: Pexels