Растат европските индекси, златото поскапе, нафтата од типот брент над 88 долари за барел

10

Европските и американските берзански индекси денеска растат втор ден по ред, златото поскапе, а нафтата од типот „брент“ се продава за повеќе од 88 долари за барел.
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:15 часот порасна на 18.186,49 поени, францускиот CAC 40 на 8.105,69 поени, лондонски FTSE 100 на 8.077,66 поени, а московскиот MOEX на 3.438,60 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones се искачи на 38.503,69 поени, S&P 500 на 5.070,55 поени, а вредноста на Nasdaq индексот на 15.696,64 поени.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта паднала на 83.424 долари, а цената на нафтата од типот „брент“ се искачила на 88.475 долари.

На отворањето на берзата ТТФ се продаваа европски фјучерси на гас по цена од 28.505 евра за мегават-час.

Цената на златото порасна на 2.324,20 долари за унца, а цената на пченицата падна на 5.8051 долар за бушел (бушел е еднаков на 27.216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,06943, што е приближно исто како во вторникот.