Растат хотелските резервации во Шпанија

Хотелските резервации во Шпанија забележаа пораст откако минатата недела е укината вонредната состојба и забраната за патување, ослободувајќи ја домашната побарувачка и поттикнувајќи оптимизам во секторот што беше меѓу најпогодените од пандемијата.

Резервациите неколку денови по укинување на уредбата за укинување на вонредна состојба надминаа 70% од претпандемиското ниво.

Ситуацијата, како што се наведува, нема веднаш да биде иста како од пред две години, но сепка изгледите се добри.

Најголем скок има кај last minute резервациите од домашните гости, коишто од октомври лани се соочија со забрана да патуваат надвор од матичниот регион. Најлошото уште не помина за хотелиерите, бидејќи поголемиот дел од резервациите вклучуваат флексибилни услови за откажување и поврат на пари.

Се очекува домашните туристи ова лето на патувања да потрошат околу 150 евра по лице, што е за 46% помалку одошто во 2019 година.

Шпанија сака што е можно поскоро да ги дефинира правилата за безбеден одмор, се надеваат дека ќе успеат да привлечат странски гости и да спасат дел од летната сезона, откако земјата регистрираше за 80% помалку меѓународни туристи.

Шпанската влада за ова лето очекува резултати нешто над половина од нивото во 2019 година.

Синџир хотели од Мајорка објавиле дека резервациите на германските туристи во изминатите две недели го надминале нивото од 2019 година.

Фото: Pixabay