Растат индексите на Волстрит

На Волстрит, берзанските индекси пораснаа, по неколку издржани економски извештаи, и пред новите податоци за инфлацијата во САД, кои би можеле значително да влијаат на насоката на пазарот.

Dow Jones зајакна 0,35 отсто, на 33.666 поени, додека S&P 500 порасна за 0,59 отсто, на 4.299 поени, а Nasdaq индексот зајакна 0,83 отсто, на 13.201 поен.

По големиот пад минатата недела, кога лидерите на американската централна банка изјавија дека каматните стапки би можеле дополнително да се зголемат до крајот на годината и дека би можеле да останат на покачени нивоа подолго од очекуваното, пазарот се смири во последните денови.

Тој беше поддржан од солидни макроекономски податоци кои покажаа дека американската економија пораснала солидно во вториот квартал, дека купувањето на станови паднало во август и дека бројот на барања за бенефиции за невработени благо пораснал минатата недела.

Позитивно на пазарот влијаеше и стабилизирањето на приносите на американските 10-годишни државни обврзници, кои силно пораснаа во последните недели и достигнаа највисоки нивоа во последните 16 години.

Тргувањето е нестабилно
„По три-четири многу негативни дена можеше да се очекува некаков раст на цените на акциите. Но, тргувањето е многу нестабилно“, вели Мет Стаки, менаџер на портфолио во Northwestern Mutual Wealth Management.

Инвеститорите се неизвесни бидејќи во петок ќе биде објавен извештајот за трошоците за лична потрошувачка, кој е еден од показателите за инфлацијата што ФЕД внимателно го следи.

Фто: Facebook