Растат цените на нафтата

12

На девизните пазари во петокот во раното претпладневно тргување се зголеми вредноста на американскиот долар во однос на кошничката на валути.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, утрово се движи околу 104,10 поени, додека во четвртокот во истиот период од тргувањето изнесуваше 103,86 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 150,05 на 150,25 јени. Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0815 долари, додека вчера истиот периот од денот изнесуваше 1,0835 долари.

Цените на нафтата, пак, повратија дел од вчерашните загуби. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,43 отсто, на 82,25 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,36 отсто, на 78,55 долари.