Расте довербата на американските потрошувачи

62

Довербата на американските потрошувачи бележи голем скок во март, достигнувајќи највисоко ниво од почетокот на пандемијата, покажува истражувањето на независното здружение Conference Board.

Индексот на доверба на американските потрошувачи во март се зголеми за 19,4 поени во однос на февруари, на 109,7 поени, што е највисоко ниво од почетокот на пандемијата во однос на истиот период лани.

Потрошувачите даваат значително подобри оценки за актуелната состојба во економија, па соодветниот индекс се зголеми за 20,4 поени на 110.

Има голем раст во оптимизмот и во прогнозите на краток рок, што резултира со скок на индексите за 18,7 поени.

“Оценката на потрошувачите за актуелната состојба во економијата и нивните проценки за краткорочните изгледи значително се подобрија, што сигнализира дека економскиот раст дополнително ќе зајакне во следните месеци“, изјавила Лин Франко од здружението.

Според нејзе, потрошувачите поради обновениот оптимизам планираат повеќе да купуваат недвижнини, автомобили и производи со повисока вредност.

Фото: Pexels